Енергија и Топлина

HOT MAT
PILATES

Закажи час

„Движење подлабоко, интензивно потење и чувство на поголема енергија.“

Што е Hot Mat?

Топлина која работи во синхронизација со твоето тело

Hot Mat Pilates додава нежна инфрацрвена топлина која овозможува мускулите побрзо да се олабават, зглобовите послободно да се движат и фокусот да се заостри.

Топлината ги активира длабоките стабилизирачки мускули — подобрувајќи го држењето на телото, поддршката на 'рбетот и превенцијата од повреди. Покрај тоа, има поголем фокус на снабдување со кислород до мускулите, со што придонесува за подобра работа на кардиоваскуларниот систем.

Конвенционално

Клима и радијатори го загреваат воздухот околу вас.

Инфраред

Панели емитуваат зрачна топлина директно во телото.

30-35 °C

ПРИДОБИВКИ

Зошто Hot Mat?

Добра релаксација на мускулите

Топлината помага мускулите побрзо да се опуштат, подлабоко да се истегнат и да се намали скованоста.

Зголемено согорување на калории

Срцевиот ритам се зголемува поради топлината, а тоа прави телото да работи повеќе и да троши повеќе енергија.

Подобар проток на крв

Промовира подобра циркулација и проширување на крвните садови за посвежо чувство во телото.

Го стимулира создавањето на колаген

Инфрацрвената топлина ја загрева кожата и активира фибробласти — клетки важни за создавање на колаген.

Намален стрес и тензија

Го намалува нивото на кортизол и создава чувство на смиреност, што го олеснува стресот и тензијата.

Подобро респираторно здравје

Без прашина и без чад, со почист воздух и пријатна атмосфера за полесно дишење.

Подобро расположение

Зголемувањето на нивото на серотонин помага за попозитивно расположение и подобро секојдневие.

Поддршка за губење тежина

Покачувањето на срцевиот ритам и топлината придонесуваат за зголемено калориско согорување.

Утро или вечер?

Утро

ЕНЕРГИЈА · РАЗБУДУВАЊЕ · ПОДГОТОВКА

  • Зголемена циркулација
  • Намалена вкочанетост
  • Подобрена мобилност
  • Енергетски буст за целиот ден

Вечер

СМИРИ · ОБНОВИ · РЕСЕТИРАЈ

  • Олеснување на мускулна тензија
  • Подобрен квалитет на сон
  • Намален кортизол
  • Длабока релаксација